МАКЕДОНИЈА

Селмани: Комисијата за заразни болести воопшто не е партизирана, тие се експерти

Имер Селмани, во денешното гостување во „Топ тема“ на Телма истакна дека двете партии треба да бидат задоволни со постигнатиот договор околу датумот за одржување на изборите.

„За среќа на граѓаните, преговарачите се договорија. Преговарачите имале некој мотив да дебатираат, да одолговлекуваат и да внесат малку повеќе страв во јавноста, дека освен здравствената и економската криза која веќе ни тропа на вратата, ќе имаме и политичка криза. За среќа, политичка криза нема да имаме, извесно е дека изборите ќе бидат на 15 наредниот месец и го посакуваме најдоброто сценарио, а тоа е изборите да се спроведат според протоколите и да добиеме демократски институции, пред се Парламент и Влада која ќе има доста тешка задача да се справи со Ковид-19. Да не заборавиме дека изборниот процес е веќе започнат бидејќи требаше да имаме избори на 12 април. Заради прогласување на вонредната состојба ние имавме прекин на изборниот поцес на 22 дена пред гласањето. Сега, за да се усогласи тој датум 15 јули пак треба неколку дена да се прогласи вонредна состојоба за да се донесе уредбата со законска сила и да се исполни тој критериум од 22 дена по завршувањето  на воредната состојба– изјави Селмани.

Во однос на обвинувањата на опозицијата за работата на Комисијата за заразни болести, Селмани со став дека и во времето кога тој бил министер за здравство, исто како и денес, оваа комисија работи професионално и во неа членуваат врвни експерти.

„Никој од денес не може да ви гарантира колку заразени ќе има на 15 јули, тоа во голема мера ќе зависи од нас и колку ние ќе ги почитуваме мерките. Меѓутоа, нема пак толку да зависи од мерките што ќе ги предложи Комисијата за заразни болести до Владата затоа што тие мерки се светски, тие протоколи се стандардни. Комисијата за заразни болести воопшто не е политизарана и партизирана. Таму се стручњаци кои биле со години во состав на таа комисија. Тие се експерти кои ние ги имаме и следен министер кој ќе дојде пак тие експерти ќе ги ангажира. Комисијата е добра, но ние во овој период за наша несреќа имавме техничка Влада која во својот состав имаше и власт и опозиција. Во одредени моменти се случуваа сопки заради кои на крајот не дојде до целосно почитување на мерките. Тоа беше најголемиот хендикеп, неспроведувањето на мерките. Во никој случај не треба да се фрла вина врз Комисијата за заразни болести“ – додаде Селмани.

Поврзани вести

Студено време со дожд, снег и ветер

Stefanija Kuzmanovska

Тешка сообраќајка близу Кавадарци, загина 28 годишник

МАНУ: Претседател ќе биде академик Љупчо Коцарев

Ивана Рамаданова

Филипче од Охрид: Платите на докторите специјалисти во „Св. Еразмо“ зголемени за 27 илјади денари

Царовска: Со социјалната реформа воведовме персонални асистенти и нега во домашни услови

Коцевски: спорниот маркет може да почне со работа, нема опасност од Ковид-19

Берта Китинска