Култура МАКЕДОНИЈА

Серијата која требаше да биде привиден спас за Груевски: Не e снимена ниту една епизода, а потрошени се 800.000 евра

Никола Немов, американски продуцент со македонско потекло, пристигнува во Македонија на повик на премиерот и на министерката за култура за да сними серија, која треба да му ја раскаже на светот вистината за Македонија, за борбата на македонскиот народ, независноста и идентитетот. Арно ама, сите се навртеле против Никола Немов (како меѓународниот фактор против Никола Груевски додека беше премиер) и никој не сакал да му овозможи да ја екранизира вистината за Македонија!

Американски, германски, британски шпиони, како и домашни предавници го спречуваат Немов да го сними серијалот, налик на тоа како „го спречија“ Никола Груевски да го одбрани македонскиот идентитет. Ова беше сижето на сценариото за првата сезона од несудениот филмски серијал „Македонија“, пропаганден памфлет наменет за привиден спас на Никола Груевски кој на хрватскиот „Јадран филм“ требаше да му донесе над 4.5 милиони евра од државната каса.

Целиот проект на власта на ВМРО ДПМНЕ се случува во период пред да заминат, во време кога објавените прислушувани телефонски разговори добиваа на интензитет, со што полека се разнишуваше позицијата на Груевски и неговите соработници. Серијата имаше за цел да го амортизира ефектот на опозициските „бомби“, односно да го прикаже Груевски како жртва на сплетките на странскиот фактор во државава.

Но, до крајниот рок, 4 септември во 2017 година, кога „Јадран филм“ на Винко Грубишиќ, мораше да испорача цела прва сезона од серијалот, не беше снимена ниту една епизода. Дури откако Грубишиќ се соочи со реалноста дека нема да ги наплати останатите рати за серијата, а знаејќи дека нема како да ги оправда првите 1,1 милион евра наплатени додека со Агенцијата за филм раководеше кадар на ВМРО ДПМНЕ, тој експресно закажа сет во Македонија и сет во Загреб за да сними две минутен трејлер, со кој наводно ја промовираше првата сезона со најава дека серијата стартува наскоро.

Повеќе прочитајте на следниов линк.

Поврзани вести

Заев: Потпретседателот на СДСМ се заразил на ифтарска вечера кај брат му

Заев: Кон крајот на неделава ќе излеземе со името на техничкиот премиер

Никола Поповски

Јовановски кон судот: Здравствената состојба ми е лоша

Влатко Зорба

Николовски: Бишевац летово бараше да биде кандидат од редовите на СДСМ

Самоизолација на 19 лица од подшарпланинските села во Општина Врапчиште

Во велешкиот суд, Панчевски се соочи со експертот кој го одржувал АКМИС

Берта Китинска