МАКЕДОНИЈА Политика

Шахпаска: Градиме за сите и во услови на вонредни околности

Преку инвестиции во инфраструктурата, инвестираме во економијата, во иднината на државата, рече денеска во Делчево носителката на листа во ИЕ 3 од коалицијата „Можеме”, Јагода Шахпаска.

Изминатите три години, нагласи Шахпаска, Владата покажа како се работи домаќински, одговорно и отчетно и како се гради плански на територијата на целата држава.

-Инфраструктурата претставува крвоток на економијата и оттука секоја инвестиција во неа е инвестиција во економијата, во државата, за сегашните и идните генерации. Ниту кризата со коронавирусот не ја запре градежната офанзива низ секој дел од државата. Градиме за сите и во услови на вонредни околности, градиме инфраструктура во новата нормалност. Градиме 260 километри автопат, 300 километри експресни патишта о 900 километри локални патишта. Рехабилитираме повеќе од 1500 километри постоечки патишта, рече Шахпаска од Делчево, напоменувајки дека Источниот регион го доби првиот автопат Миладиновци – Штип и експресните патишта Штип-Радовиш, Штип – Кочани и Штип Ранковце, а истовремено како што додаде се рехабилитирани и постоечките патишта Штип – Радовиш, Крупиште – Пробиштип, Кочани – М.Каменица и Делчево – граничен премин со Бугарија, посочи Шахпаска.

Според неа, земјава лани и годинава реализира 80 отсто од примарната и секундарната гасификација, проект што се одолговлекуваше речиси 20 години. И во услови на коронакриза, интензивно се работи и на локалната инфраструтура, на изградба на дополнителни 500 километри водоводи и канализации вредни 100 милиони евра.

-За време на владеењето на ВМРО ДПМНЕ, Делчево беше заборавено, без ниту еден проект и долг од 240 милиони денари. Денес Делчево не е повеќе изолирана општина, се инвестира се гради, се подобруваат условите за живот на делчевци. По изградбата на регионалните патишта Делчево – Кочани, транзитниот булевар низ Делчево, правците Делчево – Ѕвегор, Делчево – Пехчево и Делчево – Виница, градот доби патна инфратсруктура за пример, потенцираше Шахпаска од Делчево.

Владата предводена од СДСМ, додаде, останува фокусирана на изградба на модерна, брза ефикасна инфраструктура за побрз и поефикасен транспорт низ целата земја.

Поврзани вести

Оваа година бесплатни вакцини против грип за најранливите категории

Манчевски за изборите: Нема да направиме ништо што е спротивно на препораките на Комисијата за заразни болести

До 15 јануари 2020 година може да се конкурира за „Роман на годината“

Ковачевски: Ги отфрлам обвинувањата на министерот Чулев бидејќи се неосновани

Влатко Зорба

Заев: Нашата татковина има потреба од избори

Османи: Добро е што 80 проценти од сите позитивни случаи на Ковид-19 во државата ги имаме идентификувано