МАКЕДОНИЈА

„Шамари во Центар“: Лазаров бил во координација со Јанакиески и Божиновски за протестите пред Општината

Поранешниот координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Oпштина Центар Томислав Лазаров, обвинет во предметот „Насилство во Општина Центар“ на СЈО и осуден на шест месеци условна казна затвор, во денешното сведочење пред судот, раскажа за активностите на советничката група пред протестите на 7 јуни 2013 година против рушење на темелите на црквата „Св. Константин и Елена“.

– На 7 јуни забележав дека во дворот на Општината има пристигнато повеќе луѓе кои што немаат никаква поврзаност со Општината туку само беа поддржувачи на СДСМ. Тие кажаа дека се тука бидејќи седницата е од отворен тип и дека сакаат да присуствуваат. Истовремено пристигнаа и граѓани Општина Центар кои сакаа да псисуствуваат но од администрацијата не им беше дозволено. Имав одредени контакти со тогашниот генерален секретар Кирил Божиновски и тогашниот министер Миле Јанакиески. Тие бараа да знаат што се случува тогаш во салата. Седницата продолжи на 10 јуни во понеделникот. Имаше пристигнато многу повеќе поддржувачи на СДСМ. Како одминуваше времето, тензиите се зголемуваа, бидејќи поголемата група на протестанти беше дојдена во близина на општината. Мојата улога како координатор продолжи и тој ден со тоа што повторно им давав информации на Божиновски и Јанакиевски, вели Лазаров.

Во меѓувреме, продолжува тој пристигнаа и протестантите од „Веритас“ по што почна голема галама и беше невозможно да се одржи седницата. И покрај тоа претседателот на Советот имаше цврст став дека седницта мора да се одржи. Доцна вечерта седницата заврши и беше закажана во понеделникот на 10 јуни. Од генералниот секретар бев повикан да раскажам за сето она што се случувало на седницта. Ми беа повторени насоките со тоа што се стави акцент за поголема масовност на протестите со што би се извршил притисок да се тргнат точките од дневен ред. Јас како координатор дадов насоки каде и кога треба да се движи протестот. Двајцата беа цело време во тек што се случува внтаре во салата, сведочеше Томислав Лазаров.

Сите насоки за активностите на протестантите биле добивани само од негова страна.

– Претседателот даваше паузи за да се смири масата која беше во близина на салата. Тоа за жал не се случи, бидејќи тензиите не се смируваа туку растеа со што беа доведени во опасност сите членови на советот, вели Лазаров.

Во меѓувреме во комуникација со Божиновски, тој му дал насока да извадам книга и да читам со што ќе помине време.

– Земи Зоки Поки и читај!, рекол Божиновски. – Правете што ќе правите, но дневниот ред да не биде усвоен. Тоа ми беше наредено од Јанакиески и Божиновски. За тоа што се случуваше надвор немав ни влијание ни можност да го спречам.

За насилството во Центар обвинети се и експремиерот Никола Груевски, ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова и уште неколкумина советници од ВМРО-ДПМНЕ, кои на минатото рочиште рекоа дека не се чувствуваат виновни.

И.Р.

Поврзани вести

Патниците се пренасочуваат: Затворени граничните премини Прохор Пчински и Рибарци

Берта Китинска

Заев: Приоритети на новата влада се антикризни мерки, владеење на правото и борба против коронавирусот

Само 23% од граѓаните веруваат во судството, велат од Коалиција Маргини и здружението ЕСЕ

Александар Тодески

Шекеринска: Денешниов ден го чекавме речиси 30 години, нека ни е честито

Заев: Кон крајот на неделава ќе излеземе со името на техничкиот премиер

Никола Поповски

Димитров: Се уште нема препорака за затворање на границата со Србија и Косово