МАКЕДОНИЈА

Шефот на дипломатијата Димитров утре во посета на Шпанија

Шефот на дипломатијата Никола Димитров утре ќе престојува во работна посета на Кралството Шпанија, на покана на министерката за надворешни работи, ЕУ и соработка, Аранча Гонзалес Лаја.

Како што соопшти МНР, на агендата на разговорите на двајцата министри ќе се најдат прашањата за заокружувањето на процесот на ратификација на Пристапниот протокол за членство на нашата земја во НАТО, од страна на шпанскиот Парламент, соработката во рамките на евро-интегративниот процес на Република Северна Македонија, како и тековната состојба и перспективите за унапредување на севкупните билатерални односи.

Во рамките на посетата на Мадрид, министерот Димитров ќе се сретне и со претседателот на Долниот дом на шпанскиот Парламент, Меричел Батет.

Собранието на РСМ поради распуштање за предвремените парламентарни избори минатата недела предвреме го усвои протоколот за членство на државата во НАТО, а ратификацијата почнува да важи по објавата во „Службен весник“ откога шпанскиот парламент ќе ја изгласа како последна 29-та членка на НАТО. Со тоа ќе се заокружи процедурата и државата ќе стане 30-та полноправна членка на алијансата.

Поврзани вести

Депортиран македонски државјанин кој во Сирија се борел за ИСИС

Раководството и машиновозачите се договорија: Се нормализира железничкиот сообраќај

Александар Тодески

Костадинов: Извршителот Мицкоски продолжува по насока на Груевски од Будимпешта

Viktor Jovanov

Димитров и Филипче на брифинг со претставниците на дипломатскиот кор

„Нецензурирано“: Орбан преку Јанша ја финансира „операцијата Македонија“?

Никола Поповски

Џафери: Потребна е хармонизација на законската рамка и ревносно почитување на меѓународно признатите договори

Влатко Зорба