МАКЕДОНИЈА

Шекеринска: Ако опозицијата го падне тестот за Законот за ЈО ќе покаже дека е продолжена рака на еден бегалец во Будимпешта

Во првата половина на март се очекува ратификација на Протоколот за членство во НАТО од страна на шпанскиот Парламент, по што во текот на тој месец се очекува Северна Македонија да стане и официјална членка на најголемиот воено-политички сојуз во светот, изјави за МИА министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

На прашањето колкав е ризикот Законот за ЈО да не помине после заканите на опозицијата  за бојкот и доколку тоа се случи постои ли ризик Македонија да не добие датум за преговори во март, Шекеринска одговори дека европските одлуки зависат од европските лидери, а нашите одлуки зависат од нашите институции.

-Наместо да предвидувам сакам нешто да порачам. Собранието во Скопје, Собранието на Република Северна Македонија е местото каде што се бијат европските битки. И секој оној којшто барем еднаш кажал ЕУ на камера, и секој оној кој барем еднаш напишал членство во ЕУ во својата изборна програма, треба да знае дека членството во  ЕУ, почетокот на преговори значи одговорност за секој од нас. Ние нашата одговорност како Влада и како луѓе  покажавме дека ја носиме и дека ги превземаме и ризиците и одговорноста. Опозицијата е на потег – истакна таа.

Министерката исто така додаде дека ако на овој тест опозицијата потклекне и падне, навистина ќе покаже дека е само продолжена рака на еден бегалец во Будимпешта и дека единствена нејзина цел е се уште да го штити неговиот криминал и корупција.

Поврзани вести

Пендаровски: Не би сакал, но мора да има техничка влада пред избори поради недовербата помеѓу партиите

Viktor Jovanov

Доктор Јосифовски: Боки сакаше од 135 килограми да има 70

Берта Китинска

ГЕС поднесе барање за лиценца за дистрибуција со топлинска енергија до РКЕ

user3

Колку пратенички мандати освоија партиите по изборни единици?

Никола Поповски

Променливо облачно време наместа со повремен дожд

Полицијата уапсила уште две лица пред почетокот на големата акција

Александар Тодески