МАКЕДОНИЈА

Шекеринска: Безбедни се нашите тројца мировници во Либан

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска на својот Фејсбук профил информираше дека тројцата наши мировници во УНИФИЛ во Либан се безбедни.

Во мисијата на Обединетите Нации УНИФИЛ во Либан се ангажирани тројца припадници на Армијата, но тие се распоредени и ги извршуваат своите задачи на безбедни локации надвор од Бејрут.

– Сочувство за сите жртви и повредени во разорната експлозија во Бејрут, со надеж дека повредените, меѓу кои и морнарички мировници на УНИФИЛ, чиј брод бил погоден во експлозијата на пристаништето во Бејрут, ќе закрепнат што побргу – напиша Шекеринска на Фејсбук.

Поврзани вести

Зеќири: Пратениците од ВМРО – ДПМНЕ вршеа притисок да не се гласа за законот за ЈО

Берта Китинска

Повредени три лица, комбе со мигранти предизвика тешка сообраќајка во Струмица

Царовска: Буџетот е ликвиден, има доволно средства за заштита на населението

Viktor Jovanov

Катастарот ќе промовира регистар на имоти одземени поради долг

Џафери: Лидерите на партиите мора да најдат консензус за изборите во оваа нова вонредна состојба

Рускоска: Ќе ја провери законитоста на јавната набавка на софтверот на веб страната на ДИК