МАКЕДОНИЈА Политика

Шекеринска: Дурловски бега од дебати за да не му поставуваат прашања

„Не умирам од желба да дебатирам со човекот кој влезе во Собрание да ме убие или да организира други да направат кривични дела. На вакви покани за емисии доаѓаме поради граѓаните и ова што не дојде е поради тоа што тој никаде не се појавува каде што може да добие прашања“, изјави потпретседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска за неприсуството на нејзиниот противкандидат Игор Дурловски во емисијата „Само вистина“.

Таа нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ не објавува кои општини ќе ги посети нивниот кандидат Дурловски.

„Очигледно тој бега од секој што може да му постави прашање. ВМРО-ДПМНЕ си го крие својот кандидат кој што единствен начин да дебатира му беше да испрати луѓе за тепање. Луѓе од ВМРО-ДПМНЕ потврдуваат дека за тоа хушкање за насилствата од 27-ми април, тој и уште двајца соработници добиле 200 илјади евра“, рече Шекеринска.

Поврзани вести

Општина Бутел демантира: Градоначалникот ниту има свој телохранител, ниту има свој личен возач

Влатко Зорба

Се трага по еден од четворицата напаѓачи кој денеска претпладне повреди полицаец во Велес

Никола Поповски

1.900 пакети храна и хигиена за ранливите лица, обезбеди Фондацијата Отворено општество

Берта Китинска

Самоопределување: Албанците ќе бидат решавачки елемент за победникот на изборите во С.Македонија

Османи: Законот за јазици не е обврска на ДУИ, туку уставна обврска

Александар Тодески

Темелковски: Во секој блок во Расадник ќе има една кула и една ниска зграда