МАКЕДОНИЈА Политика

Шекеринска и го отстапи пратеничкото место на Белкиса Зеќири

Со верификацијата на мандатот на Белкиса Зеќири која доаѓа на местото на Радмила Шекеринска, досега се верификувани мандатите на тројца нови пратеници кои се избрани наместо Зоран Заев, Љупчо Николовски и Радмила Шекеринска.

Собранието ја констатираше и оставката на Оливер Спасовски од пратеничката функција по што повторно се очекува извештај од Државната изборна комисија и верификација на мандатот на новиот пратеник.

Останува истата постапка да биде спроведена и за Никола Димитров, Мила Царовска и Јагода Шахпаска од СДСМ и Насер Нуредини од ДУИ.

Пратениците на Алијанса за Албанците и Алтернатива ја напуштија седницата со образложение дека веќе 12 часа се во Собранието и барање да се продолжи со работа утре во 9 часот, на што претседателот на Собранието Талат Џафери рече дека законодавниот дом ќе работи се додека има соодветно мнозинство.

Претходно, седницата ја напуштија и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Левица.

Во текот на денешниот ден беше констатирана и оставката на Фљорин Бесими, брат на Фатмир Бесими кој е предложен за министер за финансии. На негово место, верификуван е мандатот на новиот пратеник од ДУИ Бедри Фазлиу.

Поврзани вести

Сасоли: Би сакал да ја потврдам силната поддршка на ЕP за започнување разговори за пристап со Северна Македонија

Ивана Рамаданова

Интензивна дипломатска активност за осигурување на првата Меѓувладина седница со ЕУ во декември

Берта Китинска

Филипче: За Велигден ќе важат истите мерки за движење како за викендите

Берта Китинска

Заев: Благодарност за финансиската помош од ЕУ, за нас тоа се значајни финансиски средства

Stefanija Kuzmanovska

Царовска за „360 степени“: Ѓорчев си стави крај на кариерата со тоа што не закажа комисија за покачување на платите на професорите

Влатко Зорба

МВР: Регистрирани 412 прекршоци, за неносење маска

Берта Китинска