МАКЕДОНИЈА

Шекеринска ќе учествува на Минхенската безбедносна конференција

Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска денеска и утре ќе учествува на Минхенската безбедносна конференција.

Шекеринска, како што соопшти Министерството за одбрана, ќе говори на панелот „Нарушување на перцепцијата за подобро лидерство”.

Во рамки на конференцијата Шекеринска ќе учествува на неформалната средба на министрите за одбрана која ја организира германската министерка Анегрет Крамп-Каренбауер.

Минхенската безбедносна конференција е една од најзначајните глобални конференции посветени на безбедноста и одбраната на која оваа година ќе учествуваат над 500 светски лидери, претседатели, премиери, министри, претставници на бизнис-секторот, невладиниот сектор и академската заедница.

Поврзани вести

Забрчанец: Политичарите ги почитуваат мерките во однос на коронавирусот

Влатко Зорба

Горивата поскапуваат: Бензинот за половина – дизелот за 1,5 денар

Вработените во институциите надлежни за спроведување на изборниот процес се враќаат во редовна работа

МЗ: Починаа девет лица, регистрирани се 193 нови случаи на Ковид 19 во земјава

Берта Китинска

Нуредини: Во владина процедура се предлог измените на Законот за квалитет на амбиентниот воздух

Ивана Рамаданова

Георгиев: Прашање е дали и од страна на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ има национален интерес

Viktor Jovanov