МАКЕДОНИЈА Политика

Шекеринска од Македониум: Нема веќе страв, а има нова слобода

Носителката на листа во изборната единица пет – Радмила Шекеринска, вечерва пред Македониумот на граѓанската трибина говореше и за постигнувањата и очекувањата на гласачите.
-Нема веќе страв, а има нова слобода и затоа да бидеме горди на тоа што го сторивме и кога ќе се поклонуваме пред предците и кога ќе се поклонуваме пред спомениците ние знаеме дека тој завет го исполнивме, рече таа.
Исполнивме и друг завет, рече Шекеринска, додавајќи дека едните илинденци се бореле за слобода, другите се бореле за држава.
-Нашите родители, моите родители се бореа за независност ама јас моите колеги, моите другари ние се боревме за следниот чекор ова веќе да не е држава во која стравуваме за утре, да не е држава на која и предвидуваат мрачни сценарија, да не е држава во која стравот од можни војни, конфликти ќе не тера да се плашиме за безбедноста, за сигурноста, за границите. Ние го исполнивме нашиот завет, нашата држава стана членка на НАТО, истакна Шекеринска.

Поврзани вести

Во Владата ќе се одржи јавна дискусија за промовирање и подигање на свеста за мајчиниот јазик

Stefanija Kuzmanovska

Грков за „Талир“: Пред избори добив наредба да дадам 15 илјади евра за ВМРО-ДПМНЕ

Берта Китинска

Гошев: Ангеловска знаела што ќе се случи со Еуростандард банка и ги повлекла своите пари

Влатко Зорба

Сончево и топло, попладне услови за локален дожд

Никола Поповски

АМСМ: Врнежи од снег во Маврово

Јас ќе успеам да формирам Влада во рок од 20 дена, вели Заев

Берта Китинска