МАКЕДОНИЈА Политика

Шекеринска: Реакциите за сликата со Дехари доаѓаат од оние кои 9 години беа во коалиција со него

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска за време на денешниот престој во Битола јавно одговори во врска со објавената фотографија и коментарите на социјалните мрежи по нејзината средба со градоначалникот на Општина Кичево, Фатмир Дехари.

-Реакциите за средбата со градоначалникот на Кичево главно доаѓаат од тие кои од 11 дури 9 години беа во коалиција со Фатмир Дехари, кој немал различна канцеларија. Јас имам почит кон граѓаните, и кога како министер имам средби со официјални претставници на граѓаните, јас влегувам во домот на граѓаните, а не во нечиј личен дом. Моја обврска како министер за одбрана не беше да зборувам за минатото, туку да ги лечам раните од минатото и да не дозволам никогаш да не се повтори тоа што се случи во 2001-ва, и тоа го направив. Нашата држава е членка на НАТО и граѓаните знаат дека такво нешто никогаш повеќе нема да биде страв за нашата држава, а оние што зборуваат нешто требаше да сработат, јас моето го сработив, изјави Шекеринска.

Поврзани вести

Манчевски: Од свои лични и себични побуди, Уставен реши да не се намалуваат платите на функционерите

Заев: По точно две години откако го потпишавме Договорот од Преспа, можеме да кажеме – вредеше!

Продолжува судењето за „Титаник“

user3

Шекеринска: Веќе не сме тема на масата на НАТО, туку членка

Берта Китинска

Вознемирувачка снимка од обидот за убиство во кој учествуваше и Македонец: Сакале да го убијат водачот на кавачкиот клан сред бел ден на паркинг (видео)

Владa: Приклучете се на „Коронавирус МК Koronavirus“ „Вибер“ за навремено и точно информирање

Берта Китинска