МАКЕДОНИЈА Хроника

Шестмина повредени во несреќата во Романовце префрлени во Скопје, тројца загинати во експлозијата

Трите починатите во несреќата што се случи денеска во Романовце се деца, потврдија и од кумановската болница и селаните од Романовце. Ваква трагедија, жителите на кумановско Романовце не паметат со голем број на жртви и повредени од едно семејство. Според првичните податоци на СВР Куманово, несреќата се случила по експлозија на плинска боца во семеен дом на Ш.А.

Од МВР информираат дека околу 10.00 часот во Романовце во куќа сопственост на Ш.А. при експлозија на плинска боца настанал пожар во кој три малолетни лица на возраст од 8, 9 и 11 години починале на местото на настанот. 
Пожарот е изгаснат од противпожарната единица од Куманово. Известен е јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово е упатена на местотот на настанот со цел утврдување на причините кои довеле до несреќата.
Денеска и заменик министерот за внатрешни работи Агим Нухиу го посети селото, се сретна со мештаните и изрази сочуство.
-Заедно со заменик директорот на Бирото за јавна безбедност и со заменик началникот на СВР Куманово да изразиме сочуство до семејството Алими. Ова е навистина голема трагедија. За жал е констатирано дека три деца се починати на 10, 12 години, седум лица се пренесени во Клиничкиот центар во Скопје, рече заменик министерот Нухиу.
Тој информираше дека на местото на несреќата излегле јавното обвинителство, службите од МВР. Според првичните проценки, вели заменик-министерот станува збор за пожар предизивикан од плинска боца. Во текот на денот и наредниот период, додаде се очекува конечниот извештај од јавното обвинителство. Одговарајќи на новинарско прашање дали ќе им се понуди помош на семејството, Нухиу истакна дека институциите ќе понудат поддршка од сите апскети, вклучително и медицинските екипи.

Поврзани вести

Од 1 јули поднесени 385 барања од македонски граѓани до ЕСЧП во Стразбур

user3

Зибери за Трајковски и Имери: Оддаваме почит кон луѓето кои оставија наследство кое треба да го негуваме

Казна за 271 лица за неносење маска

„Рекет“: Боки 13 докажува дека голем дел од запленетата гардероба е купена пред 2019-та

Влатко Зорба

(ВИДЕО) ДПА на конгрес во полна сала и покрај забраната за јавни собири

Александар Тодески

Кирацовски: Боки е на суд, да беше обратна ситуацијата, ќе ургиравте за него

Александар Тодески