МАКЕДОНИЈА Политика

Шилегов до Нелоски: Наметнавте луда теза дека тревникот на плоштад чини 33,2 милиони денари

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21 му се обрати на Владимир Нелоски од ВМРО-ДПМНЕ за да му објасни од што ќе го полни буџетот на градот.

„Чекај дете, да ти објаснам. Ако го прифатам овој ваш евтин популизам, тоа значи дека во рок од 6 месеци резервата која градот ја има од околу 20 милиони евра ќе ја потрошиме на Водовод, Комунална хигиена, ЈСП и 6 месеци отсега Скопје ќе има неоперативен водоводен систем и граѓаните ќе немаат вода за пиење. Тоа е ова што вие го викате, овој ваш евтин популизам“, изјави Шилегов.

Шилегов појасни и за тревникот во Центар, на градскиот плоштад и неговата цена.

„Во обидите за спинување опозицијата наметна луда теза дека тревникот чини 33,2 милиони денари. Плочникот од ГТЦ кој се спојува со зелениот кров и претставува урбана целина и продолжува кон Собранието заедно со канализацијата и канделабрите и клупите, нивелацијата, осветлувањето – сето тоа чинеше 33,2 милиони денари. Тоа е плацот кој вашата партија го продаде и таму требаше да има висока зграда. Продадено е во криминална постапка, контроверзна постапка, за која има 11 обвинети“, му порача Шилегов на Нелоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани вести

Филипче: Формиран е Центар за дојка во Клиничката болница во Битола (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Судењето за организаторите за „крвавиот четврток“ почнува на 21 февруари

Влатко Зорба

Села: Не е можно Насер Зибери да биде народен правобранител

Берта Китинска

Царовска: Силно инвестираме во зголемување на капацитетите на градинките, но и во квалитетно предучилишно образование

Влатко Зорба

Димитров за портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ: Како граѓанин сум навреден, што луѓе од овој сој се во позиција да трчаат за сериозни политички функции

Влатко Зорба

СДСМ: Законот за ЈО обезбедува резрешница на предметите каде осомничени се функционери на ВМРО-ДПМНЕ, затоа Мицкоски е против овој Закон

Берта Китинска