МАКЕДОНИЈА

Шилегов: Проценката на менаџментот на Комунална хигиена беше погрешна, нема да се повтори

„Луѓето се веќе сведоци дека фотографиите што ги направија рано утрово веќе се минато. Се надминува состојбата, од вечерва и нормално ќе почне да си работи третата смена на Комуналната хигиена“, изјави Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов за „Топ тема“ на Телма ТВ.

„Ги разбирам граѓаните, им се извинувам и знам дека ниту на нив, ниту на мене, не ми беше драго да поминеме 64 часа затворени. Овој проблем со отпадот нема да повтори“, додаде Шилегов.

Тој исто така соопшти дека според информација на Министерството за животна средина комуналниот отпад не може да биде преносител на коронавирусот.

„Проценката на менаџментот на Комунална хигиена беше погрешна и се ќе врати во нормален ред како и претходно“, заклучи Шилегов.

Поврзани вести

Само 23% од граѓаните веруваат во судството, велат од Коалиција Маргини и здружението ЕСЕ

Александар Тодески

Донаторска акција „Една може“ за еднородителски семејства во ризик

Берта Китинска

Завршена е обновата на неколку регионални патни правци

user3

Г.Г. Стефан: Христовото воскресени не потсетува да размислуваме за своите постапки и да се стремиме кон љубов

Берта Китинска

Калајџиев: Партиите имаат одговорност затоа што ја донесоа корумпираната Катица

Viktor Jovanov

Спасовски: Треба многу да вложиме во делот на обезбедување на нови работни места, да ги соочуваме младите во државата