МАКЕДОНИЈА

Шкријељ: Мизрахи сака да ги партизира Центрите за социјални работи и да купува гласови за ВМРО-ДПМНЕ

Дополнителната заменик министерка за труд и социјална политика, Санела Шкријељ обвини дека техничката министерка за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи преку денешниот обид за разрешување на неколку в.д. директори директно сака да ги партизира Центрите за социјални работи и предизборно да купува гласови за ВМРО-ДПМНЕ од најранливите.

-Како одговорно лице коешто работи во интерес на граѓаните нема да дозволам вработените во Центрите за социјални работи, корисниците на социјалните права и другите граѓани да бидат под партиски уцени, притисоци и манипулации. Одлика на оваа Влада е демократско владеење, почитување на граѓаните и воспоставениот систем, напиша Шкријељ на Фејсбук.

Таа додаде дека единствена која што го руши системот во Министерството за труд и социјална политика и работи спротивно на интересите на граѓаните е техничката министерка Мизрахи.

Техничката министерка за труд и социјална политика Рашела Мизрахи преку денешниот обид за разрешување на неколку в.д….

Gepostet von Санела Шкријељ am Montag, 20. Januar 2020

Поврзани вести

Платежни картички од 9.000 денари добиваат сите невработени лица активни баратели на работа и примателите на гарантирана минимална помош

Влатко Зорба

Билатерални средби на Пендаровски со Пленковиќ, Левитс и Херман

Stefanija Kuzmanovska

Тупураинен: Францускиот предлог за реформа на проширувањето нема да биде тема на дебатата денеска

Ивана Рамаданова

СДСМ: Николовски и ДПМНЕ продолжуваат со лажните вести, македонскиот јазик е признаен и потврден и со договорот од Преспа

Советот за етика во медиумите на Македонија ќе учествува во одбележување на Деновите на медиумска писменост

Maja_Serafimova

Османи-Ацевски: Нема поважен бенчмарк за европските интеграции од фер изборен процес

Stefanija Kuzmanovska