МАКЕДОНИЈА

Штедачи од Еуростандард банка: Функционалноста на системот не доведе до тоа за нашите тешко спечалени пари да одлучува некој друг

Штедачите во „Еуростандард банка“ кои имаат повеќе од 30.000 евра на сметките повикуваат на обединување за да се организираат и да се претстават пред сите домашни и меѓународни институции со еден претставник.

„Ние сме дел од 780-те штедачи на Еуростандард банка кој за својата судбина т.е. за обештетување на своите средства ќе мора да се потпрат на правилноста и функционалноста на нашиот систем и стечајните постапки како такви. Впрочем функционирањето на истиот тој систем не доведе и до оваа состојба за свои тешко спечалени пари да одлучува некој друг, наведуваат оштетените штедачи во допис до медиумите.

Според нив, со цел најтранспарентно водење на стечајната постапка сметаат дека тие мора да се организираат и да бидат претставени пред сите институции домашни и меѓународни од еден претставник професионалец во тоа поле.

„За таа цел, сите кој се дел од 780 штедачи чии судбини во наредниот период ќе се преплетат сакајќи или не, да не исконтактираат со било каков предлог на емаил адресата [email protected] “, наведуваат оштетените штедачи.

Поврзани вести

Филипче: Целосно оздравеа 91 отсто од здравствените работници заболени од Ковид-19

Без вода останаа жителите на Драчево

Дали граѓаните ќе добијат еднократна парична помош?

Силното невреме во Скопје, откорна покриви од згради (ГАЛЕРИЈА)

Берта Китинска

Пензионерот Дамјановски на вработените во 1ТВ им рекол дека е нов газда, а не посредник на инвеститор од Холандија

Влатко Зорба

Законот за јавно обвинитлество ќе пресуди за почеток на преговорите со ЕУ