МАКЕДОНИЈА

Штипските археолози истражуваат на локалитетот Пилав Тепе

Во полн ек се археолошките истражувања на НУ Завод и Музеј – Штип на локалитетот Пилав Тепе, кај штипското село Шопур, под раководство на археологот Ване П. Секулов, информира, директорот, Митко Штерјов.

Истражувањата ги реализираат стручен тим од археолози и архитект и над 10 работници.

-Локалитетот Пилав Тепе, се наоѓа во клисурата на Меденска Река, 20 километри југоисточно од Штип, 12 километри западно од Радовиш. Хронолошки, од истражувањата во 2018 година, пронајдените содржини се датирани од IV – III век пред нашата ера. Во населбата која тука егзистирала, откриена е станбено – економска целина, како и разновиден архелошки движен материјал. Истражувањата продолжуваат на истата локација со цел доистражување на просториите, каде беше откриена керамична тула со натпис, чие писмо датира од IV век п.н.е, вели Штерјов.

Археолошките истражувања на Пилав Тепе се реализираат преку Програмата на Министерството за куктура, новите откријатија ќе бараат да се доистражат и наредната година.

Тимот на штипскиот Музеј по завршување на овој проект се сели во Крупиште, каде ќе се истражува катедралната базилика, кој во шеесетите години на минатиот век е откриена од академик Блага Алексова.

Поврзани вести

МВР: Регистрирани 390 прекршоци за неносење маска

Берта Китинска

Сообраќајот на патиштата се одвива непречено, по суви коловози

СЦ „Борис Трајковски“ со пристапни објекти за децата со аутистичен спектар на нарушување

Влатко Зорба

Заев: СДСМ е фаворит на изборите кои ќе се одржат на 12 април

Спасовски: Мисајловски бега од втора дебата, нивниот концепт е продолжување на режимот

Денес се преземаат конкретни мерки против загадувањето, бројот на денови со висока загаденост опаѓа

Никола Поповски