МАКЕДОНИЈА

Синдикати: Успехот е заеднички, нема да дозволиме товарот од кризата да го понесат работниците

Здружени синдикални организации и здруженија на граѓани за заштита на работничките права ја поздравија одлуката на Владата за измена на Уредбата за финансиска поддршка за исплата на плати.

– Изминативе денови објавивме јавно барање до Владата да ја смени одредбата со која се овозможуваше отпуштање работници во фирмите кои користат државна поддршка за надминување на економската криза предизвикана од пандемијата. По брзата и солидарна мобилизација на повеќе организации и синдикати, Владата ја смени штетната одредба. Ја поздравуваме одлуката на Владата и се надеваме дека, во интерес на довербата, нема да ретерира од неа, под притисок на бизнис заедницата која егзистира од работниците, соопштија денеска здружените синдикати и здруженија на граѓани.

Оттаму посочуваат дека успехот е заеднички и оти нема да дозволат товарот од кризата да го понесат работниците. Како што велат остануваат на нивните барања кои претходно ги доставиле до Владата и до барањата од првомајскиот проглас.

– Инсистираме да бидеме партнери при носењето на сите економско-социјални одлуки, истакнуваат од синдикалните организации.

Поврзани вести

Жерновски на конференција во Женева

Никола Поповски

Манчевски: Приближени се ставовите на власта и опозицијата за законот за ЈО, разшреница на предметите мора да има

Viktor Jovanov

Героски: Никој немаше дилема дека нема да има избори

Доктор Јосифовски: Боки сакаше од 135 килограми да има 70

Берта Китинска

Јанева ќе излезе со предлог дека нема никаква опасност ако ти се врати пасошот, му вели Јовановски на Камчев

Влатко Зорба

Првата од четирите електролокомотиви успешно пуштена во употреба