МАКЕДОНИЈА

Скопје: 12 повредени во девет од вкупно 17 сообраќајки

Дванаесет лица се здобиле со полесни телесни повреди во девет од вкупно 17 сообраќајки случени во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во осум сообраќајки била причинета материјална штета.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и исклучила од сообраќај 21 возач кои се движеле со брзина поголема од дозволената, еден возач го управувал возилото под дејство на алкохол, девет возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, еден почетник, како и 17 нерегистрирани возила.

Санкционирани биле и четворица возачи кои  поминале на крстосница на црвено светло, двајца возачи не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, шест возачи за неправилно престигнување, четворица возачи за неправилно престројување, еден возач за не носење сигурносен појас и 20 возачи користеле мобилен телефон за време на управување на моторно возило.

Санкционирани биле и пет пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин.

Затекнати биле 85 непрописно паркирани возила, а со специјалното возило „пајак“ биле отстранети 68 возила

Поврзани вести

Обвинувањата на ССМ се паушални и мотивирани од политички цели, вели Чулев

Двајца планинари се искачија на највисокиот врв во Турција

Влатко Зорба

Алијанса за Албанците и Алтернатива: Ова е нелегитимна и криминална Влада

Никола Поповски

Пратеникот Зибери е сместен на Инфективната клиника, позитивен е на Ковид-19

Никола Поповски

Телекомуникациските оператори ќе ги блокираат неидентификуваните броеви

Берта Китинска

АМСМ: Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози