СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Скопје доби механизми за регулација на пешачките премини – донација од ОКТА

Компанијата ОКТА како дел од активностите на кампањата за безбедност во сообраќајот „Јас внимавам“ донираше механизми за регулирање на работата на семафорите кои ќе се постават на крстосниците на неколку булевари во Скопје. Станува збор за модерни уреди со чија помош пешаците ќе можат да активираат вклучување зелено светло и со тоа побезбедно да ги минуваат булеварите. Механизмите се поставуваат на коловози со голема фреквенција на возила, каде е неопходно зголемување на безбедноста на пешаците. Првата локација на која се поставени се семафорите на булевар Србија, во близина на полициската станица, а во наредниот период ќе бидат монтирани и на булеварите Трета Македонска Бригада, Илинден и Митрополит Теодосиј Гологанов. Поставувањето ваква регулација е сè почеста пракса во европските земји заради поголема безбедност на пешаците при преминување на големите крстосници, како и за полесно регулирање на движењето на автомобилите.

„Нашата идеја е преку иновативни и корисни практики да придонесеме за зголемување на безбедноста во сообраќајот. Поставувањето на овие механизми е новина во Скопје и се надеваме дека граѓаните ќе ги користат соодветно со што ќе се заштитат себеси, но и останатите учесници во сообраќајот. Особено нѝ е драго што наидовме на поддршка од Град Скопје за успешно да го реализираме овој проект како дел од нашата кампања Јас внимавам”, изјави Јанис Геруланос, Главен извршен директор на ОКТА.

Механизмите се поставени директно на семафорите и функционираат на допир. Штом пешакот го притисне уредот, за кратко време на семафорот се вклучува зеленото светло за пешаци. Уредите имаат и соодветна звучна сигнализација. Во периоди од денот кога нема пешаци или во текот на ноќта, семафорот цело време ќе биде на зелено светло за автомобили, со што се намалува времето на чекање за возачите. Механизмите се со модерен дизајн и се од австриско производство. Проектот се реализира во соработка со Град Скопје и со ЈП Улици и патишта.

„Безбедноста на учесниците во сообраќајот е главниот принцип по кој се води градската администрација во примената на новите сообраќајни решенија. Секоја донација во оваа сфера е уште еден чекор поблиску до побезбедни улици и помалку жртви во сообраќајот. Човечкиот живот нема цена и ако со поставувањето на овие механизми успееме да спасиме барем еден живот значи сме ја постигнале целта. Упатувам огромна благодарност за ОКТА како општествено одговорна компанија која го препозна овој предизвик и заедно со нас го направи овој чекор“, изјави Петре Шилегов, градоначалник на Град Скопје.

ОКТА веќе две години, со поддршка на Министерството за внатрешни работи, ја спроведува националната кампања „Јас внимавам“, чија цел е создавање побезбедни сообраќајници. Досега компанијата има спроведено бројни активности за едукација и подигнување на свеста на граѓаните за последиците од непочитувањето на сообраќајните правила и прописи. Покрај тоа, кампањата преку донации на сообраќајни полигони во основните училишта ги едуцираше најмладите учесници за основните правила и како безбедно да се движат низ градските улици. За овие активности, кампањата Јас внимавам во 2017 година ја доби наградата Најдобра национална општествено одговорна практика во категоријата вложување во заедницата кај големите компании.

Поврзани вести

Комерцбанк очекува загуби и оваа година

Влатко Зорба

Михаел Солтер, Филип Морис ТКП : Инвестирањето во вистински луѓе е клучно за иднината на компаниите

msp-admin

Дигиталната претпазливост им помага на родителите да ги заштитат децата од можни закани преку Интернет

msp-admin