Скопје

Аеродром со најголем број активни преносители на вирусот

Најголем број од новите случаи на Ковид во земјава иам во Скопје, односно 37  лица, а двоцифрена бројка на новозаболени има и во Куманово – 18 и во Тетово -13. Во останатите градови вчера беше регистриран едноцифрен број на новозаболени.

Скопје има најголем број на активни случаи, а од скопските општини на прво место е Аеродром со 94 случаи, Гази Баба и Карпош имаат по 71 случај, Центар 68, а во Чаир има 55 активни случаи.

Вчера во земјава починаа пет пациент болни од Ковид-19, вкупната бројка на починати во Македонија се искачи на 642.

Најмладиот од починатите регистрирани во последниот билтен на Министерството за здравство е на 46-годишна возраст од Македонски Брод. Останатите се на возраст од 58 години од Штип, 69 години од Гостивар и двајца се на возраст од 84 години. Од нив, едниот е од Прилеп, а другиот од Охрид.

Во истиот периот беа регистрирани 142 нови случаи на позитивни, од 1.542 тестирања, со што вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Македонија изнесува 15.555.  Бројката на оздравени пациенти е 12.994.

Поврзани вести

Еден позитивен случај на Ковид 19 во Град Скопје, 28 колеги во изолација

Шилегов: Граѓаните треба да бидат сојузници кога се спроведува некоја мерка

Шилегов: Нема одлука за судбината на Универзална, мојот избор е дебата на најшироко ниво

Пуштен во употреба новиот памптрак во Градскиот парк

Берта Китинска

Овие три скопски населби имаат најголем број заразени со Ковид 19

Берта Китинска

Се уредува северната страна на кејот на реката Вардар (ВИДЕО)

Влатко Зорба