Скопје

Бардовци доби нова градинка со има капацитет за згрижување на 78 деца

Новата градинка во Бардовци „Виножито“ е објект кој е изграден со поддршка од Европската Унија. Оваа предучилишна установа е наменета за најмладите кои живеат во Бардовци и Злокуќани и обезбедува згрижување на 78 деца. Истата е енергетски – ефикасна, опремена со современи дидактички материјали и еко – играчки.

Во теренска посета на објектот, денеска беа градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев, заменичката на Претседателот на Владата задолжена за економски прашања, Мила Царовска и дополнителната министерка за труд и социјална политика, Санела Шкријељ.

– Иако градинките сега се затворени, како резултат на пандемијата од коронавирусот, слободно можам да кажам дека Карпош е општина во која ,детската заштита е на прилично високо ниво.

Периодов се изврши неколкукратна дезинфекција на објектите на градинки, а за прв пат се направи и дезинфекција на сите душеци од креветчиња и теписи. На овој начин, ќе се спречи појавата на алергии и астма кај најмладите. Денеска, на конкретен начин можеме да видиме што значи поддршката од ЕУ, рече Богоев.

Вицепремиерката Царовска и дополнителната заменик министерка Шкријељ се осврнаа на аспектите за детска и социјална заштита, области во кои Владата сериозно вложуваше изминатиов период.

Општина Карпош, моментално работи и на реконструкција на најстариот објект на градинка во Карпош, а тоа е „Мајски цвет“ во Тафталиџе 1. Заменети се сите прозорци на објектот, обновени се тоалетите, а во претстојниот период целосно ќе се санира и фасадата.

Поврзани вести

Општина Карпош: Направена е техничка грешка во документацијата, чекаме нов датум за јавно наддавање

ЈП Водовод и канализација- Скопје и граѓаните во заедничка акција за поддршка на СОС Детско село

Комисијата за заразни болести ќе одржи состанок со скопските градоначалници

Се обиделе да крадат во скопската Зоолошка, фатени со помош на лавот Чака

Утре дежурни ќе бидат три билетарници во Скопје

Мурал за солидарноста нацртан на Дом на Култура во Ченто