Скопје

Четири години од невремето во Скопје кое однесе 22 животи

Дождот почна околу 17 часот и продолжи да лие во следните три-четири часа.„Поплавени сме, помош“… ваква беше една од објавите која се појави на социјалните мрежи во саботата навечер на 6 август 2016 година.

Тогаш македонската јавност сè уште немаше претстава колкава трагедија се случува во близината на Скопје.

Поројот што тргна од Скопска Црна Гора се претвори во разулавена река, која ја поплави обиколницата и однесе дел од асфалтот сосе возилата на коловозот. Обилните врнежи дожд предизвикаа катастрофални штети во Скопскиот Регион, поточно во Синѓелиќ, Стајковци, Инџиково, Економија, Ченто, Брњарци, Страчинци, Виниче, Црешево, Булачани, Раштански Пат, Смилковци, Арачиново, Илинден, Шуто Оризари и Шипковица.

Сепак, истата вечер, освен за уништените автомобили, улици, домови, се појавија и информации за загинати. Пристигнаа информации за четворица, па за петмина, па за десетмина загинати. Конечната бројка, за која денес се знае, е дека во невремето загинаа 22 лица.

Во текот на 24 часа на 6 август 2016 во Скопје наврнале 92,9 литри на метар квадратен, а во текот на првите два часа од почетокот на невремето имало повеќе од 800 громови.

Граѓаните од целата држава координирани од Црвениот крст, Кризниот штаб и надлежните институции во наредните денови се солидаризираа за собирање на најнеопходната помош за настраданите. 8 август 2016 беше прогласен за Ден на жалост во Република Македонија.

Поврзани вести

Општина Центар: Одбиена жалбата на инвеститорот кој сакаше да ги гради „Шпанските скали“

Берта Китинска

Општина Центар презема одредени чекори и чека одредени завршници за Скопје 2014, вели Богдановиќ

Зеленило и клупи за седење во спортско-адреналинскиот парк во Карпош

Антевска: Пуштен во употреба вториот памптрак полигон

Екипи на Град Скопје и на Противпожарната бригада извршија миење и дезинфекција на кејот на реката Вардар

Тезгите на плоштадот Македонија наскоро ќе бидат заменети со модерни монтажно-демонтажни објекти