Скопје

„Комунална хигиена“ поставува специјални садови за одлагање органски отпад за Курбан Бајрам

По повод утрешниот празник Курбан Бајрам јавното претпријатие „Комунална хигиена“-Скопје поставува специјални садови за одлагање на органскиот отпад од колењето на курбанот, со цел спречување на неконтролираното одлагање на овој вид отпад на јавни површини што може да доведе до низа штетни последици врз животната околина и јавното здравје.

Директорот на претпријатието Абдусамед Шабани денеска на прес-конференција апелира до сите граѓани во Скопје органскиот отпад да го фрлаат во тие специјални садови кои ќе бидат поставени на неколку локации во скопските општини.

– Јавната чистота е наш дел и ние не можеме само како јавно претпријатие да излеземе во пресрет, но овие акции придонесуваат да ја подигнеме свеста кај граѓаните дека тој опасен отпад има место каде треба да се исфрла, а што се однесува на секојдневните активности кои ние ги спроведуваме апелирам кабаст и градежен отпад да се фрла таму каде што му е место, а не до нашите садови. Се надевам дека во иднина ќе се смени тоа, одлагањето да биде прописно согласно законот, и сите прекршители да бидат казнети, рече Шабани.

Скопскиот муфтија Кенан Исмаили на прес-конференцијата рече дека нивниот дел е да ја кренат свеста кај верниците дека отпадоците од животните што ќе се колат за празникот треба да се фрлаат само во специјалните садови. Тој додаде дека планираат денеска да објават видео спот со што ќе ги потенцираат локациите каде ќе бидат поставени овие контејнери од страна на претпријатието.

– Земјаќи предвид дека оваа година освен светската пандемија Ковид-19, се соочуваме и со болеста Син јазик кај животните, верниците да внимаваат со купување и колење на курбани во своите домови, но тоа да го направат или преку Исламската верска заедница, или преку надлежните каде соодветно санитарните и верските стандарди прават колење на курбаните. Ние сме подготвени за утрешниот ден, рече Исмаили упатувајќи апел граѓаните да се задржуваат пократко во џамиите, односно 15 до 20 минути.

Тој ги повика верниците да се придржуваат до мерките и верскиот празник да го поминат во домашен амбиент.

Прашан како се третира отпадот од несовесни граѓани кои фрлаат маски и ракавици, Шабани рече дека екипите на претпријатието секојдневно се соочуваат со тој проблем и додаде дека во иднина планираат да постават и посебни садови за тоа. Нивна констатација е дека на одредени места каде има приватни здравствени установи се фрла медицински отпад што е ризик за вработените.

Поврзани вести

Чаир, Аеродром и Гази Баба жаришта на ковид-19

Шилегов: Да не се правиме на Тошо дека грдосијата кај Мавровка била предмет на легализација

Влатко Зорба

Повеќе делови од Скопје утре ќе бидат без струја

ФОТО: Што се случува со Вардар?

Берта Китинска

Ганиу контра Шилегов: И општина Чаир финансиски учествуваше во кружниот тек кај поликлиниката

ЈП Водовод апелира за разумно и рационално користење на водата