Скопје

Општина Карпош: Mешовити патроли ќе мапирааат различни облици на насилно однесување низ населбите

Општина Карпош започнува со акцијата за организирање на мешовити патроли во сите населби, кои ќе ги посетуваат пофреквентните места (детски игралишта, маалски паркови, спортски терени, платоа и училишни дворови) и ќе мапирааат различни облици на насилно однесување по населбите.

Во овие патроли, кои од утре (22.09), ќе се организираат два пати во неделата, ќе учествуваат претставници од Општина Карпош, СВР Скопје, Полициска станица – Карпош и претставници од родителските совети при основните училишта.

Основната цел е да се пресретне деструктивното однесување на некои посетитители, причините зошто свесно се уништува урбаната опрема, реквизитите и да се спречат овие девијантни појави во заедницата.

Мешовитите патроли беа договорени како теренска активност на последната седница на Локалниот совет за превенција. Службите на локалната самоуправа досега, често пати констатираат свесно уништување на јавните добра, а со овие мешовити патроли ќе се делува на превенција и едукација на граѓаните кои ги посетитуваат и користат јавните површини.

Поврзани вести

Уште 22 првачиња во изолација од „Гоце Делчев“: Мајката наставничка не одела на работа, но го носела детето на настава

Берта Китинска

Град Скопје ќе добие донација од дронови и термална камера

Од утре тече рокот за уривање на дивоградбата кај Мавровка, инвеститорот се уште не е познат

Никола Поповски

Скопјани ќе добијат две нови градски линии

Берта Китинска

Богоев: Работиме на спроведување на подобра интернет врска во училниците

Александар Петровски

Иницијатива за нов стандард во креирањето на политиките во Град Скопје

Александар Петровски