ВИДЕО/ФОТО Скопје

Шилегов: Време е човекот да му врати на најдобриот пријател

Со отворањето на новиот објект на стационарот за кучиња и спроведувањето на новата програма, ЈП „Лајка“ ќе биде првата алка во синџирот за хумано решавање на проблемот со кучињата скитници, како и намалување на нивниот број на скопските улици.

– На големо задоволство на сите нас од денеска и официјално го пуштаме во употреба новиот стационар за бездомни кучиња на ЈП „Лајка“. „Лајка“ не е само објект, тоа е еден сосема поинаков концепт во третманот на бездомните животни. Имено, пред година и половина кога размислувавме за решавање на деценискиот проблем што Градот Скопје го има со кучињата скитници, рековме дека целосно треба да го смениме концептот и ова што го гледате денеска е само почеток на тој концепт и официјален крај на „Вардариште“. Градот Скопје е меѓу ретките градови, единствен во регионот кој заради посветеноста на овој проблем има сопствено јавно претпријатие, не сме веќе дел од „Комунална хигиена“ и во коешто ќе работат обучени луѓе. Капацитетот на објектот е некаде околу 100 кучиња, станува збор за убедливо најдобрите стандарди што се пропишуваат во оваа област. Секој од кафезите, односно целиот објект е со подно греење со цел на животните да им обезбедиме комоција, секој дел е засебен, тргнати се прифатилиштето и тргнато е приемното одделение. Можете да ги видите амбулантата, операционите сали, собата за интензивна нега, собата за постоперативен третман и карантинскиот дел и се надевам дека „Лајка“ ќе стане центар за вдомување на кучиња и ред други работи кои подразбираат еден многу повнимателен и поодговорен однос со овие животни – рече денеска Шилегов, на отворањето на новиот стационар.

Тој додаде дека „Лајка“ ќе биде многу повеќе од обичен стационар, односно ќе значи дом за сите овие кучиња кои по игра на судбината немаат друг дом. Исто така, дека во блиска иднина „Лајка“ ќе значи истовремено и занемарливо мал број на кучиња на улиците што ќе води речиси до нула каснувања за луѓето.

ЛајкаЛајкаЛајкаЛајкаЛајка

Новиот концепт за третман на кучињата скитници не значи само ново ЈП и нов објект, туку воспоставување на систем на контрола на нивната популација која ќе подразбира вклучување на повеќе општествени чинители. Популацијата на бездомни улични кучиња не може успешно да се контролира само со нивно заловување и сместување во стационар додека не им се најде нов дом. Новиот концепт ќе подразбира чипирање и на овие кучиња, но и систем на контрола на чипирањето на домашните миленици и зголемување на бројот на санкциите за неодговорните сопственици заради кои најчесто овие животни завршуваат на улица.

Шилегов се заблагодари на директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство и ги охрабри градоначалниците од другите општини во државата, а пред се на другите општини во скопската котлина, да бараат решенија и сите да пристапат кон решавање на овој проблем преку еден повисок степен на посветеност и сериозност.

– Мое лично убедување е дека е време човекот да му врати на неговиот најдобар пријател – изјави Шилегов.

На отворањето на новиот стационар и јавното претпријатие за благосостојба на кучињата скитници „Лајка“ беа присутни директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Атанасов, директорката на ЈП „Лајка“, Тина Петрушевска, како и неколку скопски градоначалници.

[🔴Во живо] Прес-конференција за отворањето на ЈП Лајка

Gepostet von Град Скопје am Mittwoch, 14. Oktober 2020

Поврзани вести

Шилегов: Би ги укинал централните инспекции, да не постои државен инспекторат

Ново зеленило доби паркот во Железара (ФОТО)

Берта Китинска

Уметничка акција во Тетово: Заштити се и заштити ги и другите во време на КОВИД-19 (ФОТО)

Влатко Зорба

Во скопски Чаир: Внимавајте во близина има „шокло“

Берта Китинска

Рендери навестуваат за дизајнот на Huawei P40 и P40 Pro (ФОТО)

Влатко Зорба

Скопската „Baby Zoo“ е отворена за посетители

Влатко Зорба