Скопје

Утре се отвара Зоолошката градина во Скопје

ЗОО Скопје официјално преку нивниот Фејсбук профил го потврдија отварањето на истата овој вторник во 9 часот.

„Една убава и среќна вест за сите вас- Зоолошка градина Скопје повторно ќе биде отворена од вторник (26.05)
Ве очекуваме на повторна дружба и прошетка, но овојпат поради ситуацијата, со нов протокол за движење и придржување кон мерките:
– Носење маска при влез во Зоо Скопје
– Чекаме ред на дистанца од 1,5 м уредно обележано.
– Строго е забрането хранење и доближување до животните
– Отпадоците да се фрлаат во корпите
– Не смее да се употребуваат летниковците и детските игралишта
– Низ зоолошката градина, држете дистанца од другите посетители
– Бројот на посетители ќе биде ограничен, за да во одреден момент не се создава поголема гужва низ градината.Јавното здравје е пред се и затоа сите заедно да се придржуваме кон мерките!Се гледаме во вторник од 09:00“, напишаа од Скопската Зоолошка градина.

Поврзани вести

Гори депонија во Шуто Оризари (видео)

Шилегов: Целосна санација на Вардаршите преку инсталирани подземни шипки и одводи

Никола Поповски

Шилегов: Зачестеното прскање со инсектициди може да го загрози здравјето на граѓаните

Берта Китинска

Нови реквизити и гумирана подлога на детското игралиште на Млечен

Влатко Зорба

Дезинфекциски пумпи за сите училишта во општина Карпош

Никола Поповски

Бардовци доби нова градинка со има капацитет за згрижување на 78 деца

Берта Китинска