Скопје

Велосипедскиот паркинг ќе биде отворен кај Транспортниот центар

Евроамбасадорот Дејвид Гир и градоначалникот на Скопје Петре Шилегов денеска официјално ќе го отворат паркингот за велосипеди „Велоштад“ во рамки на Транспортниот центар.

-Ова урбано место за велосипедистите ги задоволува нивните практични потреби кога станува збор за паркинг и сервисирање, а муралот финансиран од Европската Унија испраќа порака за подобра мобилност, спортска активност и здрав хачин на живот, стои во соопштението на Делегацијата на ЕУ во Скопје.

Како што наведуваат оттаму, отворањето на „Велоштад“ го заменува одбележувањето на Денот без автомобили, што годинава не можеше да се одбележи на традиционалниот начин со масовна велосипедска парада поради Ковид-19. Настанот истовремено се одржува во контекст на Европската недела на мобилност, што се надополнува со Европската недела на спортови. „Велоштад“ ги обединува двете пораки кои ЕУ ги испраќа на крајот на секој септмври – „Мобилност за сите со нула-емисии“ и „Биди активен“.

Велосипедскиот паркинг со кој се урбанизира делот од Транспортниот центар е идејно решение на Теа Дамјановска и Михајло Стојановски и е поддржано од Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ).

Делегацијата на Европска Унија го надополнува урбаното решение со мурал кој го става акцентот на важноста од достапен транспорт со нула-емисии за секого и ги поттикнува луѓето да негуваат поздрав стил на живот во текот на целата година. Муралот, финансиран од ЕУ, е дело на тројца дипломирани уметници: Сања Симоска, Сали Ертунц и Бранкица Јорданковска.

Поврзани вести

Директорите на средните училишта го информираа Шилегов како течат подготовките за почетокот на новата учебна година

Александар Петровски

Шилегов: Град Скопје не е задолжен за висината на платата на пожарникарите, но верувам дека државата ќе најде средства

Никола Поповски

По азбучен ред ќе се врши уписот на ученици во средните училишта во Скопје

Инспектори трагаат по одложувачот на медицински отпад кај салата Борис Трајковски

Берта Китинска

Жена без проблем украде 20 килограми тешка саксија (ВИДЕО)

Од петок продолжува бесплатниот автобуски превоз за пензионерите