Скопје

За само еден месец обновена ул. Благоја Стефковски

Со ноќното бележење на улицата Благоја Стефковски во Општина Гази Баба цел месец пред предвидениот рок завршија градежни работи за обнова на нејзиниот коловоз. Втората фаза од реконструкцијата на улицата Благоја Стефковски го опфати потегот од свртувањето кон улицата Перо Наков до Кино „Маџари“, во должина од околу 850 метри.

Вредноста на договорот за реконструкција на овој дел од улицата Благоја Стефковски изнесува околу 13,4 милиони денари со пресметан ДДВ, а рокот за изведба беше 60 дена.

Минатата година беше реконструиран потегот од Триангла до свртувањето кон улицата Перо Наков, а во третата фаза од реконструкцијата на оваа улица е предвидено да биде опфатен потегот од Кино „Маџари“ до пругата Скопје – Белград, со што целосно ќе биде реконструирана главната улица што ги поврзува населбите Маџари и Ченто.

Реконструкциите на градските сообраќајници станаа еден од приоритетите на Град Скопје и се завршуваат во рекордно кратки рокови.

Поврзани вести

Богоев: Ги преземаме сите мерки за безбедно отворање на градинките и основните училишта

Влатко Зорба

Пазарниот инспекторат издаде решение за затворање на лаунџ барот „Мош“

Stefanija Kuzmanovska

Шилегов: Зелените коридори на Лепенец и Серава се наследство кое ќе им го оставиме на идните генерации

ЈП Водовод и канализација- Скопје и граѓаните во заедничка акција за поддршка на СОС Детско село

„Главниот град на европската престолнина“: Крава се движи меѓу автомобили во центарот на Скопје (видео)

Никола Поповски

Марин: Факт е дека во последните години се изградија повеќе од 100 згради со одлуки на претходното раководство

Ангела Веселиновска