Скопје

Започна уредивањето на новата планинска велосипедска патека на Водно

За развој на велосипедскиот туризам и љубителите на планинарскиот велосипедизам, како дел од проектот „Велосипедски парк Водно“, неодамна започна уредивањето на нова планинска велосипедска патека на Водно, велат од Град Скопје.
„Новата планинска велосипедска патека со вкупна должина од 3.432 метри ќе се протега од полициската станица па се до Средно Водно. Таа е со променлива широчина (најмногу до 3 метри) и што е важно ќе биде посебна патека наменета исклучиво за велосипедистите, односно целосно одвоена од патеките на Водно што се наменети за пешаци и планинари. Ова доаѓа како одговор на потребата за зголемување на безбедноста на сите посетители на Водно, преку физичко одвојување на велосипедистите од пешаците и планинарите“, соопштија од Градот.

 

Поврзани вести

Се асфалтира првиот дел од новиот булевар Босна и Херцеговина

Влатко Зорба

Со три коловозни ленти: Од утре скопјани ќе возат по новиот булевар АСНОМ (ФОТО)

Скопје ќе добие четири нови скверови со модерен дизајн

ЈП Комунална хигиена-Скопје мината недела отстрани 500 кубни метри отпад од јавните површини

Новите автобуси на ЈСП на пат кон Скопје (ФОТО)

Објектот кај „Мавровка“ е дивоградба, но Градот нема никакви ингеренции во градежната инспекција, вели Шилегов