Скопје

Зеленило и клупи за седење во спортско-адреналинскиот парк во Карпош

Општина Карпош соопшти  дека се преземаат финалните активности за конечниот изглед на Спортско – адреналинскиот парк кај Алпинистичката карпа, долж Кејот на реката Вардар, во општина Карпош.

Покрај содржинските делови: игралиштата за фудбал и одбојка на песок, скејт паркот, детското игралиште и адреналинскиот дел, овој јавен простор добива и ново зеленило.Околу оваа зона, веќе се засадија нови 70 дрвја, тревна површина и 30 украсни растенија. Исто така поставен е и систем за наводнување, со цел подобро одржување и функционалност на зеленилото.

Обновена е и урбаната опрема, при што се поставија нови 58 клупи за седење, а претстои поставување на корпи за отпадоци и држачи за велосипеди. На овој начин, целосно ќе се промени сликата за овој потег, кој претставува еден од поатрактивните делови за рекреација во Скопје.

-Спортско – адреналинскиот парк, кој наскоро ќе биде отворен, ќе понуди содржини и активности за сите генерации на граѓани, велат од општината.

Поврзани вести

Поштата на С.Македонија издаде поштенска марка со Кензо Танге

Расадник ќе добие нови згради за 8.000 луѓе, Шилегов уверува дека ќе има и зелена површина

Берта Китинска

Град Скопје ги избра трите нови летни сцени во Градскиот парк (фото)

СДСМ: Проширен и реконструиран патот Волково – Кучково, градиме модерна инфраструктура во општина Ѓорче Петров

Галетановски: Опомена пред тужба за советничката Попова која изнесе невистини за мене

Никола Поповски

Нема веќе субвенции за електричен тротинет, останати се 50-на субвенции за велосипеди