МАКЕДОНИЈА

Скринингот откри два позитивни случаи во градинки во Штип

Во последните 24 часа се направени 974 тестирања, а регистрирани се 101 нов случај со Ковид-19 и тоа во: Скопје-59, Куманово-12, Штип-7, Прилеп-1, Тетово-5, Струга-6, Велес-1, Охрид-1, Кавадарци-1, Гостивар-3, Кочани-3, Пробиштип-2. Институтот за јавно здравје денеска регистрира 10 оздравени пациенти и четворица починати. Оздравените се од: Тетово-8 и Велес-2, соопшти Министерството за здравство.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, како што се посочува, почина 84-годишен пациент од Прилеп, хоспитализирана на 17 мај. Во ГОБ „8 Септември“ починаа, пациент од Тетово (75 г.) примен на 24 мај, пациент од Куманово (71 г.), примен на 26 мај и пациент од Скопје (58 г.) примен на 30 мај.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 132 теста се во рамките на скринингот во градинки преку Центрите за јавно здравје Штип, Прилеп, Битола и Скопје. Потврдени се два позитивни случаи во градинки во Штип.

Поврзани вести

Калеска-Ванчева: Испративме нов предлог закон за Јавно обвинителство, се надеваме дека ќе го прифатат

Даниловски: Коронавирусот е сличен на САРС-от, само со помала смртност

Viktor Jovanov

Претпладне сончево, попладне дожд

Никола Поповски

Владата на денешната седница одлучи полицискиот час да се укине од утре

СВР: Велосипедист тешко повреден во сообраќајка

Ивана Рамаданова

МЗЗПР бара секој вработен заболен од КОВИД-19 на работното место да му биде исплатена 100 проценти плата

Александар Петровски