МАКЕДОНИЈА

Словенечки граѓани од Северна Македонија со конвој тргнаа назад кон Словенија

Со конвој од десет автомобили почна враќањето на словенечките граѓани кои беа затекнати во Северна Македонија, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Луѓето беа практично заглавени во Северна Македонија по затворањето на границите поради епидемијата на коронавирусот. За некои лице е организиран и автобуски превоз.

Во меѓувреме од словенечкото Министерство за надворешни работи информираат дека продолжуваат да организираат летови од европските земји до Словенија со цел сите нивни граѓани кои сакаат да можат да се вратат дома во Словенија.

Луѓето кои синоќа со специјален лет беа вратени од Мадрид, добија 14 дневен државен карантин. Сите беа од аеродромот Брник транспортирани во хотел во градот Велење. Сместувањето е донација за државата, бидејќи хотелот е во сопственост на кинеска компанија, истата која го купи и гигантот Горење во Велење.

Поврзани вести

СДСМ: Нема крај на лажните вести на ВМРО-ДПМНЕ

Компаниите се уште немаат развиено висока свест за енергетската ефикасност

Ивана Рамаданова

Кичево без новозаразени, четири лица се оздравени

Двајца новозаразени и еден излекуван пациент: Каква е состојбата со коронавирус во Дебар?

СДСМ: Наместо да бара изговори и да се заканува Мицкоски треба да биде свесен дека тој не е ниту пратеник

Никола Поповски

Општина Охрид: Буџетот за 2020 ќе биде над 1,2 милијарди денари

Никола Поповски