МАКЕДОНИЈА

Словенечките медиуми детално известуваа за ратификацијата на Протоколот за НАТО

Словенечките медиуми детално известуваат за синоќешното ратификување на Протоколот за членство во НАТО. Телевизија Словенија во текст со наслов „Северна Македонија со словенечка помош го ратификуваше протоколот за НАТО” акцент става на присуството на претседателот на словенечкото Собрание Дејан Жидан.

Телевизијата известува дека покрај поддршката, која Словенија и ја дава на Северна Македонија за нејзиното членство во НАТО и почетокот на преговорите со Европската унија, Жидан со властите во Скопје разговарал и за подобрување на и онака добрите економски односи меѓу двете земји.

Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, за ратификацијата на протоколот објави и ПОП ТВ. Во извештајот се наведува дека по ратификацијата на Протоколот, единствена пречка за полноправно членство на Северна Македонија во НАТО е Шпанија, која се очекува набрзо да го ратификува протоколот по што целата процедура ќе се затвори. Телевизијата, исто така, објави дека речиси сите пратеници гласаа “За” ратификацијата.

Поврзани вести

Одбраната бара од Апелација враќање на пасошот на Орце Камчев, понудена гаранција од над 3 милиони евра

Димитров до граѓаните: И јас сум разочаран, но на краj памет не ми доаѓа да кренам раце

СДСМ: Следува ред, правда и дисциплина на сите нивоа

Александар Петровски

СДСМ: Времето на поделбите и ретроградните политики на ВМРО-ДПМНЕ остана во минатото

НСДП: Оваа учебна година во целост да не започне

Никола Поповски

АВМУ: Беса врши притисок врз Агенцијата