МАКЕДОНИЈА

Словенија се одзвала на барање на Владата, а не на Мицкоски

Република Словенија се одзвала на барањето на Владата на Република Северна Македонија за хуманитарна помош преку механизмот на Европска Унија во рамки на цивилната заштита со цел спречување на ширење на болеста КОВИД 19.

Вчера, со специјален лет беше доставена хуманитарна помош во вредност од 110.000 евра.

На профилот на Твитер на Министерството за одбрана на земјата со пораки ,,ние сме НАТО, заедно посилни“, е објавено дека е транспортирана солидарната помош од солидарниот фонд на ЕУ.

Инаку ВМРО-ДПМНЕ и лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, вчера оваа помош си ја препишаа како своја заслуга, а техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, сам да ја пречека на аеродромот.

Во пораката објвена на социјалните мрежи тој му се заблагодари на Мицкоски затоа што, како што тврдат, ден претходно разговарал со премиерот Јанез Јанша, што според нив, резултирало со оваа хуманитрнаа пратка.

Поврзани вести

Во Здравствениот дом во Валандово почна со работа хигиенско-епидемиолошката служба

Stefanija Kuzmanovska

СДСМ: Воспоставивме систем за социјална заштита на семејствата што живеат во сиромаштија

Негативни се резултатите од тестот за коронавирус од мајката на сопругата на претседателот Пендаровски

Берта Китинска

Вучиќ: Инцијативата за регионална соработка не значи создавање на некаква Југославија

Влатко Зорба

Филипче: Граѓаните да не прават залихи ја обезбедивме целата потребна терапија

Берта Китинска

Кампања „Засади Воздух“: Донирани над 70 илјади денари на Skopje Run 10K

Никола Поповски