МАКЕДОНИЈА

Случај „27 април“: Обвинетите предложија 300 сведоци, Рускоска апелираше судијата да размисли кого ќе прифати

Четворицата обвинети во случајот за организатоеите на 27 април предложиле по триста сведоци.

Обвинителката Вилма Рускоска апелираше судијата да размисли кого ќе прифати од предложените.

„Самите обвинети признаа дека сите докази им се дадени од страна на обвинителството скенирани, освен цедињата во електронска форма кои ни беа пратени од мобилните оператори за дојдовни и појдовни повици од нивните телефонски броеви, но од друга страна, од податоците на операторите е изготвена анализа, а таа беше дадена на одбраната со завршување на истрагата. Сметам дека ова е одолговлекување на одбраната“, рече Рускоска.

Адвокатите на обвинетите пак, не сакаа да дадат изјава по завршувањето на рочиштето.

А.Т.

Фото: Борче Поповски

Поврзани вести

Жител на Сарај се обидел да го убиел својот брат за време на новогодишната ноќ

Никола Поповски

Царовска: Само преку образование можеме идните генерации да ги обезбедиме, да живеат без сиромаштија

Влатко Зорба

Заев: Вечно ќе му бидеме благодарни на Блаже Конески за афирмирањето на македонскиот јазик

МИОА: ДПМНЕ продолжува да шпекулира и да презентира селективни информации

Пендаровски: Се разгледуваат сите можности, па и прогласување на кризна состојба

ФОТО: Со летоци со ликот на Заев, продолжува противзаконската предвремена кампања