МАКЕДОНИЈА

Службениот пат на Владимир Тодоровиќ го одложи денешното рочиште за „Рекет“

Поранешниот градоначалник на Општина Центар, бизнисменот Владимир Тодоровиќ не се појави на рочиштето за „Рекет“, каде требаше да сведочи на барање на првообвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13. Рочиштето ќе продолжи утре, за кога треба да се обезбедат сведоци, откако освен Тодоровиќ, кој го известил судот дека е надвор од државата, не се појави ниту вториот сведок, Лидија Јаневска, која не ја добила поканата од судот.

На следните рочишта сведоци на предлог на одбраната ќе бидат Сергеј Варошлија, пријател на Боки 13 и водител во згаснатата 1ТВ, како и Јовче Ременски, сопругот на потпретседателката на Собранието, Фросина Ременски. Тодоровиќ пак, ќе биде повикан да сведочи кога ќе се врати од службениот пат во Бугарија.

Судијката Васка Николовска-Масевска пред да го одложи денешното рочиште, соопшти дека се одбива барањето на Боки да се пушти од притвор бидејќи судечкиот совет смета дека потребната здравствена нега може да ја добие во притвор, но и дека постои опасност од бегство.

 

Поврзани вести

Расистички напад во центарот на Скопје (ВИДЕО)

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и СДСМ мора да се соочат со граѓаните на 12 април

Берта Китинска

Кривична против две фирми и нивниот управител од Велес кои затаиле 6,7 милиони денари

Четворица во домашна изолација во Штип

Берта Китинска

Арсовски: Мицкоски ветува проекти кои не се исполнуваат

Viktor Jovanov

Минситерството за здравство ќе ја надополнува количината на тестови за коронавирус и друга опрема за потребите на Инфективно