МАКЕДОНИЈА

Снегот го немаше цела зима, па се појави на крајот на март

Снегот не изненади на крајот на март.

Утрово заврна снег, но заради целата неповолна состојба со коронавирусот и вонредните мерки што се на сила, граѓаните сега нема да можат да му се израдуваат на снегот како претходно.

Според метеролозите времето во земјава ќе биде облачно, студено и ветровито со врнежи претежно од снег. Најобилни врнежи се очекуваат во источните делови. Дневната температура ќе биде за 10 до 15 степени пониска во однос на вчерашната. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус 3 до 4, а дневната од минус 1 до 6 степени.

Во Скопје облачно, студено и ветровито со врнежи претежно од снег. Утринската температура ќе се спушти до 1, а дневната ќе достигне до 4 степени.

Локални врнежи од снег ќе има и во вторник. Во овие два дена најобилни врнежи ќе има во источните делови од земјава, каде се очекува формирање на снежна покривка и над 20 см. Во останатите подрачја можна е помала снежна покривка, главно околу 5 см, освен на планините каде ќе биде поголема. Најмали услови за формирање снежна покривка ќе има вдолж Повардарието каде ќе биде најветровито.

Од среда попладне следува благо затоплување, па до крај на работната седмица ќе се задржи облачно, но со врнежи од дожд.

Поврзани вести

Основниот суд во Штип преку соопштение ќе информира за бегалецот Игор Спасов

Maja_Serafimova

Денот на Европа оваа година земјава го дочека со одлука за почеток на преговори за членство во ЕУ

Пет починати и 183 новозаразени со коронавирус

Влатко Зорба

Зеќири: Пратениците од ВМРО – ДПМНЕ вршеа притисок да не се гласа за законот за ЈО

Берта Китинска

Бебето родено во ГАК од мајка позитивна на КОВИД-19, нема коронавирус

Влатко Зорба

Ковачев: Гоце Делчев припаѓа и на Македонија и на Бугарија

Никола Поповски