МАКЕДОНИЈА

Со 108 гласа „за“, пратениците го распуштија Собранието

Со 108 гласа „за“, ниту еден „против“ и „воздржан“, од вкупно 117 присутни пратеници, Собранието се распушти. Со ова и официјално почнува предизборниот процес во земјата.

На распуштањето претходеа седници на кои се изгласа Законот за Јавно обвинителство, Законот за Совет на јавни обвинители, Законот за одбрана и уште неколку законски решенија.

Пред пратениците се обратија координаторите на пратеничките групи на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Јован Митрески и Никола Мицевски, како и претседателот на Собранието, Талат Џафери, но во име на пратеничката група на ДУИ.

Собранието се распушти без до пратениците да стигне предлог за технички министер за труд и социјална политика, со што ингеренциите одат во рацете на заменик министерката.

А.Т.

Поврзани вести

Куновска: Заев го искористи неискуството на Мицкоски и прв побара предвремени избори

Viktor Jovanov

МНР организираше враќање на 63 македонски граѓани од Црна Гора

Едно лице повредено во престрелка во Гази Баба

Влатко Зорба

Спасовски: Секој кој мисли дека ќе профитира врз грбот на граѓаните во оваа криза, се лаже

Viktor Jovanov

Искршена таблата на Подрачното одделение на Државниот архив во Струмица (фото)

Берта Китинска

Собраниската Комисија за надворешна политика денеска на седница треба да расправа за извештајот на Димитров

Maja_Serafimova