МАКЕДОНИЈА

Со 80 гласа „за“, изгласан Законот за Јавно обвинителство

Со 80 гласа „за“ и шест гласа „против“, пратениците го излгасаа Законот за Јавно обвинителство. Веднаш по гласањето, процедурално се јави пратеникот Никола Мицевски, кој само извика „криминалци“.

„74 пратеници гласаа „за“, 32 гласаа „против“. Барам за првото гласање да констатирате дека е неуспешно и дека Законот не е донесен“, рече Мицевски.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери претходно го поништи гласањето за Законот за Јавно обвинителство поради барањето на пратеничката Лилјана Поповска процедурално да зборува, но и поради тоа што дел од пратениците се пожалија дека не им било евидентирано гласањето. Претходно, пратениците гласаа со 74 гласа „за“ и 32 гласа „против“ Законот за Јавно обвинителство, од вкупно присутни 113 пратеници.

„Денеска е мој последен ден во Собранието. Имаме тензична атмосфера и дијаметрално поделени ставови. Како причина се појавува Законот за Јавно обвинителство. Жалам што двете страни не најдоа заеднички именители. Дел од колегите се вознемирени за можноста да се донесе овој Закон. Има нелогична казна од девет години, како и казни од петнаесет години за тероризам, иако беше очигледен обид за пуч. Неопходна ни е ревизија на работата на некои обвинители“, рече Поповска.

Спикерот Џафери побара службите да му донесат документ за тоа како пратениците гласале, бидејќи дел од нив се побунија дека не им било евидентирано гласањето.

А.Т.

Поврзани вести

Тачи: Нема основ за соработка со партии од албанскиот блок, но би разговарале со СДСМ

Александар Тодески

Спортските сали во Карпош, Кисела Вода, Радовиш и Куманово им се враќаат на општините

Maja_Serafimova

Јовановски: Одземената гардероба и лични предмети да бидат донесени и презентирани пред судот

Влатко Зорба

На барање на адвокатите на Јанева: Одложено судењето за „Рекет“

Ангеловска: Покрај ниските плати, за време на претходната власт имаше вртоглаво зголемување на јавниот долг

Viktor Jovanov

Филипче со најдобрите студенти на Медицински факултет: Со новите мерки, успеавме да ги задржиме најдобрите кадри