МАКЕДОНИЈА

Со монолози на ВМРО-ДПМНЕ продолжува седницата за разрешување на Мизрахи

Дваесет минути до 2 часот по полноќ, Собранието продолжува да расправа за разрешување на техничката министерка за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи. Седницата почна во 11 часот, а откако се исцрпи расправата за Законот за Јавно обвинителство, седница која ќе се врати на дневен ред по одлуката дали Мизрахи ќе биде разрешена.

Премиерот Оливер Спасовски во својот говор на седницата за барањето кое тој го поднесе, рече дека таа го прекршила Уставот на Република Северна Македонија и Преспанскиот договор, па затоа треба да биде разрешена.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ со говори се обидуваат да ја блокираат седницата, бидејќи зборуваат речиси сите пратеници за точката на дневниот ред, идентично како што направија и за Законот за Јавно обвинителство, па затоа се очекува околу претпладне пратениците да се изјаснат за тоа дали се „за“ или „против“ разрешување на министерката.

Техничката министерка Рашела Мизрахи предизвика и вербална нота од соседна Грција, од велат дека ако се продолжи со кршењето на Преспанскиот договор, ќе предизвика нови блокади. Инаку таблата пред која Мизрахи дава изјави во Министерството е стара, но нејзината претходничла, Мила Царовска изјавите ги даваше пред пано, на кое беше напишано уставното име на државата.

На седницата се водат монолози од страна на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, а на некои од нив, со реплики им возвраќа премиерот Спасовски, додека пак ниту еден пратеник од владејачкото мнозинство, подолго време ноќва не побара контрареплика за нивните колеги од опозицијата.

Поврзани вести

Американска амбасада порача дека пресудата за Панчевски е позитивен чекор напред

Наградени трудови за идејно решение за паркот во Карпош (ФОТО)

Влатко Зорба

Заев-Шидер: Веруваме дека преку отпочнување на преговорите со ЕУ, ќе се оствари клучниот чекор кон реализација на нашата стратешка цел

Шеснаесетогишно девојче тестирано за коронавирус

Рангелова не ги организираше протестите пред Општина Центар, тврди сведокот Лазаров

Влатко Зорба

Исчезна мајката на Тања и Лидија Кочовски!