МАКЕДОНИЈА

Со нула гласови „против“ помина и последната ратификација на Протоколот за НАТО

Сенатот на Шпанија денеска на пленарна седница го ратификуваше Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО. Гласањето се одвиваше телематски, без физичко присуство на сенаторите, поради состојбата со коронавирусот во земјата.

„Со нула гласови „против“ шпанскиот Сенат го ратификува Протоколот. Во име на Владата и сите македонски граѓани изразувам благодарност до Шпанија, шпанскиот Сенат, до министерката за надворешни работи што ова прашање беше ставено на дневен ред во вакви тешки околности и во светот и во Европа и за Шпанија, рече министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

Тој посочи дека по тридеценискиот обид зза влез во НАТО, откако оваа последна ратификација ќе биде депонирана во Стејт департментот, Вашингтон ќе ја испрати информација до НАТО во Брисел и ние и официјално ќе бидеме поканети да го депонираме Законот за ратификација на Северноатлантскиот договор, кој беше усвоен во Собранието.

Седницата се одржа со видеолинк, бидејќи Шпанија е во категоријата на високоризични држави, а на седницата физички присуствуваше претседателот на Сенатот Пилар Лоп и уште неколку други лица.

Поврзани вести

Шилегов: Вкупната вредност на трите теренски возила изнесува 2.000.000 денари или околу една третина од вредноста на возилото на директорот кој што го набавило ДПМНЕ

Александар Петровски

Спасовски: На ВМРО-ДПМНЕ криминалот и бизнис интересот се пред националните интереси

Viktor Jovanov

Спасовски: Градиме 260 километри автопати, 300 километри експресни патишта, 900 километри локални патишта

ЈСП: Автобусот се запалил од краток спој на електричната инсталација

Забраната за движење не ја почитувале 133 лица, 26 од нив приведени

Влатко Зорба

Шекеринска ќе учествува на Минхенската безбедносна конференција

Stefanija Kuzmanovska