МАКЕДОНИЈА

Собранието го донесе законот за дополнително финансирање за автопатот Кичево-Охрид

Собранието на Република Северна Македонија со 68 гласа „за“ денеска го изгласа Предлог-законот за гаранција на РСМ на обврските по договорот за заем за дополнително финансирање за проектот за изградба на автопат – делница Кичево – Охрид што ќе се склучи меѓу Експорт-импорт банката на Кина и Јавното претпријатија за државни патишта што се носи по скратена постапка.

Законот предвидува склучување на трет анекс на Договорот за дополнително финансирање на изградбата на автопатот Кичево – Охрид во висина од 179 милиони долари.

Иако и власта и опозицијата ја поддржаа изградбата на овој автопат, и на вториот ден од дебатата спореа за одолжувањето на изградбата на овој автопат, кој е од особена важност за тамошните жители и туристите кои одат за Охрид, за тоа дали се потребни клучките и колку тие се економски оправдани, но и за обвинувањата дека проектот бил криминализиран.

Собраниската 116. седница продолжи со измените и дополнувањата на Законот за земјоделство и рурален развој, по скратена постапка, за што дебата ќе биде отворена по паузата од еден час.

Поврзани вести

Вработена во градинка во Битола заразена од коронавирусот

Поранешниот градоначалник на Гази Баба бил нападнат поради кавга за куче

Шекеринска: Во снимките се зборува за насилства кон семејства, не сакаме тоа време да се врати

Александар Тодески

Запалени две возила на ЕВН

Никола Поповски

Николовски прогласи победа на коалицијата „Можеме“

Берта Китинска

Шилегов за ДУП-от кај фабриката Треска: Претходната власт планирала 4 или 5 згради долж Рузвелтова