МАКЕДОНИЈА

Собраниската Комисија за европски прашања денеска ќе ја продолжи расправата за законот за ЈО

Собраниската Комисија за европски прашања денеска ќе ја продолжи расправата за законите за Јавно обвинителство и за Советот на јавни обвинители.

Владејачкото мнозинство со поддршка за законот за јавно обвинителство, додека опозицијата побара тој да биде тргнат од дневен ред. Министерката за правда Рената Дескоска рече дека законот создава основи за градење силно, професионално, ефикасно и капацитетно Јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

– Целта беше да се зголемат професионалните стандарди во Јавното обвинителство, но и да се овозможат средства за тоа да си ги врши своите надлежности, рече таа.

Во овој закон се создадени услови кои се на некој начин гаранции на Обвинителството за организиран криминал и корупција, вели министерката, кое треба да ги гони евентуалните кривични дела на носители на висока власт, но и да ги продолжи делата, предметите кои беа почнати од СЈО.

Дескоска рече дека една од тие гаранции е неможност јавниот обвинител, кој е државен обвинител, да одзема предмети од Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција, освен во случаи кога има прекршување на законот од ова Јавно обвинителство. Значи, како што рече, не по сопствена проценка и не по сопствена волја, туку да има сигурна правна основа за какви било дејствија за преземање надлежности.

Според Дескоска, создадени се основи за финансиски гаранции на целокупното Јавно обвинителство. Министерката рече дека на предлог на една од пратеничките групи во Собранието, внесена е посебна постапка за избор на јавен обвинител за организиран криминал и корупција која, како што рече, досега не е позната во нашиот систем.

– Со оглед на значењето што ќе го има јавниот обвинител за гонење организиран криминал и корупција овојпат ќе се избира на непосредни избори од страна на јавните обвинители. Сите обвинители ќе гласаат за јавен обвинител за организиран криминал и корупција, а потоа тој што ќе добие најмногу гласови ќе биде именуван од страна на Советот на јавни обвинители. Претходно, Советот на јавни обвинители изготвува листа на лица кои се пријавиле на објавен, транспарентен конкурс, а кои ги исполнуваат условите, рече Дескоска. Додаде дека се зголемени критериумите за избор на јавни обвинители, а во Основните јавни обвинителства единствен влез имаат лица кои завршиле Академија за судии и јавни обвинители.

Дескоска информира дека континуитетот на предметите е задржан така што има јасна одредба дека сите постапки ќе продолжат. Што се однесува до спецификите на користење докази во постапката, рече дека оваа одредба во член 110 треба да обезбеди континуитет.

-Во првите 18 месеци сите предмети што се почнати ќе продолжат, тие се во судска постапка, ќе продолжат со користење на прислушуваните материјали како докази. Оние предмети кои по 30 јуни 2017 се во судска постапка нема да ги користат снимките, но ќе ги користат како индиции. Со оглед на тоа дека ниеден предмет во суд не се заснова исклучиво на снимки, снимките се индиција каде да ги барате доказите. Без материјален доказ, само врз основа на прислушуван разговор немате засновање на судска одлука. Така овие одредби коишто се ставени во член 110 нема да значат дека ќе паднат предмети заради тоа што ова се предмети за кои се барани докази во државата, но исто така и преку меѓународно правна помош се собирани докази и од меѓународни, финансиски институции и слично, рече Дескоска.

Додаде дека сите материјални докази обезбедуваат гаранција за продолжување на кривичните постапки.

Со оглед на тоа дека едно од барањата на пратеничките групи беше да се одложи примената на законот, Дескоска посочи дека во последната одредба стои дека законот ќе влезе во сила и ќе се применува од 30 јуни 2020. Нивното барање беше дека, како што рече, не би сакале да се толкува или применува законот, практично дека е закон кој ќе влијае врз изборниот процес. Дескоска посочи дека го прифатиле овој аргумент и рече дека одложувањето на примената на законот, ако даде сигурност на сите политички партии и субјекти дека тоа не е закон кој се носи во функција на изборнот процес, го прифативме овој амандман и затоа има одредба за одложена примена.

Поврзани вести

Пендаровски: Не би сакал, но мора да има техничка влада пред избори поради недовербата помеѓу партиите

Viktor Jovanov

Филипче: Условите за лекување се подобри дома, засега нема потреба од „драјв-тру“ тестирање

Никола Поповски

Шилегов: Влегуваме во завршна фаза на изградба и асфалтирање на новиот скопски булевар Христијан Тодоровски

Берта Китинска

Арсовски: Зошто Владата и државниот инспекторат за животна средина уште молчат за вчерашниот пожар?

Никола Поповски

Во Скопје 1.335 активни случаи на коронавирус

Влатко Зорба

ГДУ: Помалку часови, помали паралелки и специјализирана настава според потребите на младите таленти