МАКЕДОНИЈА

СОНК и Адеми не се договорија, преговорите продолжуваат

Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) и Министерството за образование денеска не постигнаа договор, но најавија дека до крајот на неделата повторно ќе се состанат.

По средбата, министерот Арбр Адеми изјави дека преговорите продолжуваат.

– За жал, денеска не се постигна конечен договор што значи дека преговорите ќе продолжат. Разгледани се повеќе опции, повеќе можности и алтернативи за кои ни треба дополнително време да ги разгледаме од наша страна. До крајот на неделата сигурно повторно ќе имаме работен состанок и мислам дека тоа што го постигнавме досега е за поздравување, изјави Адеми.

МОН останува на ставот платите да се зголемат за 10 проценти во април, но од СОНК не се согласуваат со ова и најавија генерален штрајк за 11 ноември доколку не се постигне договор.

Поврзани вести

Пендаровски и Пахор во Охрид на показна вежба на армиските специјалци

Александар Петровски

Вицепремиерот Димитров на средба со холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп

Никола Поповски

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ќе расправа за Предлог – буџетот за 2020 година

Тортевски: Поднесовме кривична пријава против разрешениот реис по неговите закани

Берта Китинска

Димитров: Првата меѓувладина конференција со ЕУ во декември

Александар Петровски

Спасовски: Сите кластери се ставени под контрола