МАКЕДОНИЈА Хроника

Сообраќајка во Сопиште: Судир на автобус и три автомобили, има повредени

Три автомобила и автобус учествуваа во сообраќајна несреќа што се случи вчера во Сопиште-Скопско.

Како што информира полицијата во несреќата учествувале возило „фиат пунто“, управувано од Д.А.(36), „матиз“ – управуван од И.Б.(47), „цитроен“ – управуван од Н.Ѓ.(70) и автобус управуван од Г.К.(40).

– Во незгода со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото “фиат пунто“ Б.А.(26) од Скопје, а со телесни повреди се здобиле Д.А., И.Б. и сопатник од возилото “матиз“ на возраст од 16 години од Скопје констатирани во Градската опшата болница Св.Наум Охридски – велат од МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Поврзани вести

Бомгартнер: Франција се залага за евроинтеграциите на Северна Македонија

МЗ: Нови 129 случаи, починаа шест пациенти од Ковид 19

Берта Китинска

Чаир и Гази Баба на врвот по бројот на активни случаи со Ковид-19

Никола Поповски

Ограбил бензиска пумпа, па му се заканувал на сведок

Никола Поповски

Даниловски: Ковид-19 убива релативно малку

Никола Поповски

Полициски службеник се самоповредил при чистењето на службениот пиштол