МАКЕДОНИЈА

Советот на Град Скопје на отворено

Советот на Град Скопје  ќе одржи една редовна и една вонредна седница на паркингот пред бараките на Град Скопје наместо вообичената локација – салата за седници на Град Скопје.

На дневен ред на седницата на отворено, Советот на Град Скопје ќе се најдат повеќе точки кои се однесуваат на финансиското работење на Градот во минатата година – Годишниот извештај на Град Скопје за 2019 година, предлог- Годишната сметка на Градот како и на градските јавни претпријатија, а исто така и извештаите за финансиското работење на средните училишта кои се во надлежност на градската локална самоуправа.

Просторот е дезинфициран, сите присутни ќе добијат заштитни маски и ракавици, а местата за седење се поставени на соодветно пропишаното растојание, велат од Град Скопје.

Поврзани вести

Ова не е уште еден текст за коронавирусот: Розовата магија владее низ Скопје (ГАЛЕРИЈА)

Берта Китинска

Во штипскиот регион се шири вирусот меѓу контактите

МАПА: Прилеп им се приближува на Куманово и Скопје по бројот на заболени од Ковид 19

Берта Китинска

Филипче: Ова се хероите кои деноноќно работат, тие се на работа, а вие седете дома (ФОТО)

Денеска е Св. апостоли Петар и Павле – Петровден

Од коронавирус почина 22 годишен пациент во Скопје

Берта Китинска