МАКЕДОНИЈА

Советот на ЈО го осуди поставувањето експлозив во возило на јавен обвинител

Советот на јавни обвинители денеска соопшти дека најостро го осудува поставувањето експлозивна направа во возило на јавен обвинител од Кичево. Оттаму изразуваат силна подршка на јавниот обвинител врз кој е спроведен овој чин на насилство, и на сите јавни обвинители во бескомпромисната борба против криминалот.

– Овој чин претставува акт на насилство и закана не само врз јавниот обвинител и членовите на нејзиното семејство, туку е и акт насочен против сигурноста на сите јавни обвинители и функционирањето на целата јавнообвинителска институција и правосудството во целина, истакнаа од Советот.

Оттаму очекуваат дека надлежните државни органи наскоро ќе ги откријат сторителите на овој чин на насилство и нивните мотиви.

– Начелата на законитост и објективно вршење на функцијата јавен обвинител се начела утврдени со уставот и законите, кон нив, сите јавни обвинители мора доследно да се придржуваат при извршувањето на својата функција, и било каков акт на насилство и закана спрема нив лично или институцијата во целина нема да ги поколеба да отстапат од овие начела при спроведувањето на кривичното гонење, наведуваат од Советот.

Поврзани вести

Работната група во Министерството за правда ги разгледа укажувањата од јавната расправа за законот за ЈО

Намален е бројот на македонските државјани кои се враќаат од ЕУ со договорот за реадмисија

Возете внимателно, снег на Шапка, Буково, Пелистер и Пресека

Никола Поповски

Повикани во полициска станица администраторот и креаторот на „Јавна соба“

Stefanija Kuzmanovska

Една изборна единица и отворени листи денеска на јавна расправа на Комисијата за политички систем

Александар Тодески

Режим никогаш повеќе, со граѓаните ќе ја завршиме борбата за правда

Кристина Денесовска