МАКЕДОНИЈА

Советот на општина Шуто Оризари одржа комеморативна седница по повод смртта на Амди Бајрам

Советот на општина Шуто Оризари денеска одржа комеморативна седница по повод ненадејната смрт на поранешниот пратеник и претседател на политичката партија „Сојуз на Ромите“ Амди Бајрам.

На седницата, како што соопштија од Општината, се оддаде почит со едноминутно молчење, и се говореше за придонесот на Бајрам за развој на Ромската заедница во Република Северна Македонија.

Градоначалникот на општина Шуто Оризари Курто Дудуш го истакнал значењето на придонесот на Бајрам во зачнување на идејата за основање на општината, вклучително и во реализација на идејата во 1997 година.

– Денес, резултатите од неговата долгогодишна присутност во политиката како застапувач на Ромското прашање се видливи во сите општини во државата каде живеат Роми, во сите сфери – вработување, домување, образование, инфраструктура.

Покрај покојниот Абди Фаик, додаваат од Општината и Амди Бајрам ќе биде исто така запаметен во историјата на Ромите во земјава, како прави борци кои работат во зајакнување на положбата на Ромите и зајакнување на еманципацијата на Ромите.

– Советот на општина Шуто Оризари, во знак на благодарност и сеќавање на делата на Амди Бајрам денешниот ден – 25 октомври 2020 година го прогласува за Ден на жалост, се вели во соопштението.

Поврзани вести

Османи: Тоа што мојата прва билатерална посета е на Софија е порака сама за себе

Александар Петровски

ЈП Службен весник со 1,6 милиони евра помош за справување со кризата

Влатко Зорба

Министерсво за здравство: За пациентите со ретки болести обезбедена и предадена терапијата за три месеци

Манчевски го победи Ковид-19: Излегувам, доста беше

ДИК: Не сме препорачале одложување на изборите

Влатко Зорба

Техничкиот премиер Спасовски е негативен на Ковид 19